Wednesday, December 14, 2011

Проект за спорт и здравје, борба против допингот

Фаза Б
Септември 2011-јуни 2012

Опис на овој дел од проектот:
Интеграција преку спортот:  Училиштен спорт и традиционален спорт на секоја земја учесничка во проектот

Учесници во проектот:
- Ученици:
15 ученици, возраст 15-16 години, билингвална паралелка на француски јазик

- Професори:
Татјана Димовска, професор по француски јазик
dimovska_t@yahoo.fr
Марија Николовска, професор по математика
marija_fr@yahoo.fr
Сузана Стојчевска, професор по хемија,
 stojcevskasuzana@yahoo.fr
Љубица Антевска, професор по македонски јазик и литература и ателје театар
bubask_mk@yahoo.fr
Слаѓана Стојановска, професор по француски јазик
stojanovskaslagjana@yahoo.fr

Учесници во проектот Комениус:

http://comeniustousfr.unblog.fr/ , Ажен, Франција

http://www.comeniussanpelayo.blogspot.com/, Ермуа, Шпанија

http://service.gmx.net/de/cgi/derefer?TYPE=3&DEST=http%3A%2F%2Fcomeniusgimnazjum9.blogspot.com%2F , Жешов, Полска

http://www.gymbs.sk/, Банска Штиавница, Словачка

http://www.eseqlx.net/ , Лисабон, Португалија




Monday, May 9, 2011

Гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин" од Скопје, Македонија и училиштето Saintе Foy од Ажен, Франција, во проектот „Спорт и здравје“

Од 1 до 11 Април, 2011, група од 25 ученици од билингвалните француски паралелки и двајца професори престојуваа во Франција, како дел од образовниот проект спорт и здравје со колеџот Saintе Foy од Ажен.

Недела, 3 април
•        наутро - доаѓање во училиштето
•         сместување во семејствата-домаќини
•         попладне – прошетка во градот, карневал во Ажен
•         вечера во семејството-домаќини















Карневалот во Ажен


Понеделник, 4 април

08:00-10:00
Македонските учениции нивните професори учествуваа на часови по
различни дисциплини (предметите: математика, англиски, француски, физика, хемија, историја, географија, уметност, биологија, спорт).

10:00-12:00
Размена на работата меѓу македонските и француските ученици во рамките на проектот  „Спортот во сите земји”,  со особено внимание на превентивни мерки против допингот

Презентација на проектот од македонските ученици:

1.     PowerPoint презентација на резултатите од истражувањата на нашите ученици на овие теми:
•          спортот во гимназијата Корчагин
•          спортот надвор од училиштето
•          допингот и неговите последици
•          познати македонски спортисти
•          традиционалните спортови во Македонија
•          храна и традиционалната кујна
















2. Театарска претстава напишана од македонските ученици, каде се изнесува главната тема на проектот.















Проба во училиштето

Попладне
14:00 - 16:00
Игра за истражување на Ажен
Француските и македонските ученици измешани во групи мораа да  најдат специјални места во Ажен, а потоа  да пополнат прашалник за овие места. Тие можеа да да се послужат со мапата на градот и, исто така, да им поставуваат прашања на патниците по улиците.
Во победничкиот тим беше оној кој се вратил прв на договореното место и со сите точни одговори.
16:00
Официјален поздрав со коктел  во присуство на директорот, Даниел Бодер, кој го изрази своето задоволство и уживање на вработените од училиштето Saintе Foy за можноста да работи со нашиот тим. Француски професори кои ја видоа нашата прва презентација, сметаа дека е многу добро и мотивирачки за нивните ученици да изиграат во поголема сала со голем број на гледачи.















Вторник, 5 април
8:00-11:00
Македонските ученици и наставници  со своите домаќини ги посетија поважните културно-историски споменици во градот Ажен.

11:00Втората презентација на претставата.














14:00
Прошетка на Pont Canal и рекреација во природа









Thursday, February 24, 2011

Јелена Обрадовиќ

Јас се викам Јелена Обрадовиќ . Имам 16 години и живеам во Скопје.Јас сум втора година во билингвалната паралелка во Р.Ј.Корчагин. Го сакам спортот, посебно тенисот и играм тенис веќе 5 години.Исто така ги сакам музиката,филмовите,книгите и модата.

Wednesday, February 23, 2011

Анастасија Тасевска

 Моето име е Анастасија Тасевска. Живеам во Скопје. Имам 16 години и учам во СУГС “Раде Јовчевски-Корчагин во втора година. Ученик сум во билингвалната француска паралелка. Не се занимавам со спорт но омилени ми се одбојка и гледaм натпревари кога имам слободно време. Ме интересира уметност и математика.

Monday, February 14, 2011

"Само еднаш"

Подготовка на претставата "Само еднаш", напишана од учениците учесници во проектот.






Monday, February 7, 2011

Познати спортисти од Македонија

Македонија е мала држава и не е многу спортски развиена, но сепак постојат спортисти кои постигнале врвни резултати и станале познати и ценети во светот. Некои од нив се: Атина Бојаџи, Дарко Панчев, Горан Пандев ,Петар Наумоски, Кирил Лазаров, Индира Кастратович, Гордана Нацева и други.

    Атина Бојаџи (13 март 1944 –28 декември 2010).Нејзиниот талент и желба за пливање дошле до израз мошне рано. Уште на 11 години успеала да собори неколку рекорди во пливање на кратки патеки. Таа е првата жена на Балканот што го препливала Ла Манш, на возраст од 25 години.Таа е најдобрата македонска пливачка на сите генерации.

    Горан Пандев својата кариера ја започнал во ФК Беласица од Струмица, клуб со кој напредуваше преку младинската академија. Во летото 2001 година, на само 18 години , Пандев потпишал договор со Интер од Милано. Оттогаш Пандев има сменето неколку клубови, но на 4 јануари 2010 година Пандев потпишал петгодишен договор со Интер Милано каде игрса во дресот со број 27.








    Дарко Панчев (роден на 7 септември 1965 година во Скопје) се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Својата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 1982 година во ФК Вардар каде што играл до 1988година. Во сезоната 1983/84 станал најмладиот и најдобриот европски стрелец во едно првенство, со постигнати 19 гола.  По неуспешната обид во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион . Во 1997 година, на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера.



  Кирил Лазаров (роден на 10 мај 1980 во Свети Николе) е македонски ракометар кој игра за екипата на РК Загреб во Хрватска.

Што е допинг и какви му се ефектите во човечкиот организам?

Tерминот „допинг“ вообичаено се однесува на употребата на дроги во спортот. Во однос на потеклото на зборот, има повеќе теории. Едната од нив е дека е добиен од зборот “dop”, што е вид на алкохолен пијалок кој се употребувал како стимулант на церемонијалните танци во XVIII век во Јужна Африка. Во 1900 година, допингот бил дефиниран и како “мешавина од дроги создадена да делува на телесните перформанси“.

Иако официјалните спортски комитети и организациски одбори на натпреварите строго го забрануваат допингот, тој е мошне раширен меѓу спортистие кои амбициозно се стремат кон врвните резултаи од кои очекуваат и врвни добивки  и слава. Денес допингот е редовна појава во екстремните спортови, особено велосипедизмот. Скандалите со допинг се чести на трките”Тур де Франс” и “Џиро ди Италија”. Последни жртви на допингот се најдобрите велосипедисти како Јана Улриха, Бјарне Ријса, Стефана Гарцелија, Ивана Баса и Флојд Ландиса, кој победил на Тур де Франс под дејство на допинг.

Користењето дрога со цел да се подобри изведбата се смета за неетичко, иако етичарите имаат тврдено дека е малку различно од употребата на нови материјали во составот на спортската облека  и опрема, кои на сличен начин помагаат во спортувањето и можат да им дадат предност на играчите. Причините за забраната се  опасност по здравјето на спортистите како и примерниот ефект на „чист“ спорт во јавноста.
Освен кај луѓето спортисти, допингот  е честа појава и во коњичкиот спорт, како и во другите јавачки спортови и трките со загари.

Рекреација на младите во Република Македонија надвор од училиштето

Научно е докажано дека физичката активност има позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Таа го совладува лошото расположение, како и појавата на депресија. Всушност, спортот позитивно влијае и поради тоа што помага да останеме во форма и притоа го намалува ризикот од болести. Во денешно време, голем дел од младите активно се занимаваат со спорт, не само во училиштето, туку и надвор од него исполнувајќи го своето слободно време.

Во нашата држава, спортови кои најчесто се практикуваат се фудбалот, кошарката, одбојката, ракометот, пливањето, тенисот итн. Постојат многу клубови каде што младите можат да се зачленат и да се занимаваат со овие спортови, распоредени во групи и категории, соодветно на нивната возраст. Се организираат натпревари каде што може да дојде до израз нивниот труд и, се разбира, за најдобрите се предвидуваат награди. 

Но, под рекреација се подразбира и практикување   на други физички активности. Како слободни рекреативни активности, кај нас се масовно застапени  велосипедизмот и пешачењето. Кај младите , возењето велосипед и ролерки е многу популарно, особено во пролетните и летните месеци, кога времето е потопло. Младите на тој начин се забавуваат и се рекреираат. На кејот на реката Вардар е направена убава современа велосипедска патека која се протега речиси по целата должина на градот. 

Освен тоа, голем процент од младата популација се занимава и со танцување, со класичен или модерен балет, латино танци, хип-хоп итн. Постојат многу натпревари, концерти, како и училишта во кои младите ќе можат да се усоврсуваат  во таа насока. Исто така, младите практикуваат пливање во неколкуте  базени во градот, а во текот на летото најголемиот дел од младата популација  ги посетува  нашите три природни езера, кои се истовремено и најатрактивните туристички дестинации во Македонија. Тоа се Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Во водите на Охридското езеро, секое лето се одржуваат најразлични натпревари, а најатрактивен е  Охридскиот маратон. Тој натпревар во маратонско пливање претставувал отскочна даска за многу успешни македонски пливачи.

Анкетата којашто ја направивме ни покажува дека младите најмногу се рекреираат во текот на пролетта и летото, што се објаснува со поволните метереолошки околности и со повеќе слободно време на распустот. Најпопуларни спортови кои се практикувани надвор од училиштето се кошарката, одбојката и фудбалот. Со нив се занимаваат и оние млади кои не тренираат во некој клуб, туку играат од задоволство со своите пријатели. Исто така, според анкетата, момчињата повеќе спортуваат од девојките.







Спортот и натпреварите во РЈК


Во денешно време луѓето водат нездрав живот. Поради многубројните обврски и трката по егзистенцијата и профитот ,не им останува многу слободно време да се занимаваат со спорт.Брзото темпо на живот влијае на нашето здравје и нашиот физички изглед.

Во сите училишта во Македонија часовите по физичко и здравствено образование се задолжителни ,со што младината се поттикнува да спортува и надвор од училиштето.Салите во нашето училиште се опремени со разновидни реквизити, така што учениците можат да го изберат спортот што најмногу им одговара. На нашите часови по физичко најмногу се практикува фудбалот,кошарката,одбојката,ракометот и пилатесот. Нашето училиште има свои одбојкарски,фудбалски и кошаркарски екипи кои учествуваат на градските и државните натпревари,на кои многупати освоиле разни награди.

Иако учениците во Корчагин најмногу му се посветуваат на учењето , сепак голем број од нив се занимаваат активно со спорт и се дел од многу репрезентации во државата. Со тоа се здобиваат со искуство и знаење кое ќе им помогне во градењето на нивната кариера во многу познати клубови. Честопати самите ученици организираат меѓусебни натпревари кои се одржуваат во нашита сала, со што го истакнуваат својот спортски дух.

Во Македонија се повеќе се градат објекти како спортски сали,тениски терени и базени, со што се овозможени сите потребни услови за рекреација , а потребна е само уште желбата и амбицијата на младите.

Преку многубројните натпревари и часови по физичко во нашето училиште учениците се дружат,стекнуваат искуство за тимска работа ,а со самата рекреација стекнуваат навики за здрав живот.

Sunday, February 6, 2011

Пеливанство

Намачкани со масло, наперчени пред својот противник и подготвени за лута борба. Вака изгледаат пеливаните. За да се биде добар пеливан, многу е важна исхраната. Најмалку еден месец пред секоја борба, момчето треба да јаде само храна богата со јајца, млеко, мед и месо и да тренира по два-три часа на ден, и добро да се одмора и да спие.
Нивната главна одлика е горделивоста. Велат, чест е да се биде пеливан. Телата се мачкаат со сончогледов зејтин или со маслиново масло не само за да му ја отежнат работата на противникот, туку и да го заштити борачот од можни повреди. Традицијата на пеливанството кај нас е долга повеќе од шест века и благодарение на многуте млади луѓе што се фасцинирани од техниките на оваа боречка дисциплина, таа и денес живее. 


Умешноста да се зграпчи и задржи противникот додека ви се лизгаат рацете го прават пеливанството да биде поинтересно од било која друга боречка дисциплина. Речиси сите борби се одвиваат под необичниот пискот и татнеж на зурлите и на тапаните, а пеливаните како да ги следат тие музички ритми, па своите движења ги прават по ист такт како и музиката. 

За да се биде добар пеливан потребно многу тренирање и посветеност уште од најмали нозе, а најдобро е да се почне уште на десетгодишна возраст
„Народот вели, да даде Господ да бидеш пеливан, што значи да си убав, да си здрав, да можеш да се бориш и да победиш“, изјави Боро Лазаревски, генералениот секретар на Пеливанска федерација на РМ.
Правилата се едноставни, победник е оној кој ќе успее да го легне на грб својот противник. Но, маслото со кое се намачкани дополнително им ја отежнува работата.
„Подобро е да се мачкаме со зејтин, така нема повреди. Со масло лизга многу“, изјави еден пеливан.

Традиционален турнир во пеливанство во велешко Бузалково

50-тина момчиња поделени во пет категории ги одмеруваа силите меѓу себе. Пеливаните се борат, а гледачите ги бодрат своите фаворити и уживаат во борбите. А кој ќе победи? 
„Тоа не се знае, тоа е лотарија, да видиме. Посилниот секогаш победува“, изјави еден од гледачите. 
Турнирот во Бузалково е еден од 30-те кои годишно се одржуваат во земјава.

Sunday, January 2, 2011

Во сеќавање на Атина Бојаџи

Ние, учениците од Корчагин и воедно учесниците во овој проект, заедно со нашите професорки, сме тажни заради заминувањето на Атина Бојаџи (13 март 1944 во Охрид - 28 декември 2010 во Скопје), легендата на македонскиот спорт. Воедно сме и горди бидејќи имавме можност да ја запознаеме Атина и што таа запознавајќи не нас знаеше дека младите од оваа земја мислат и се гордеат со неа.
Атина, те сакаме! Почивај во мир!