Saturday, November 13, 2010

Проект за спорт и здравје, борба против допингот

Спорт и здравје
(Проект за спорт и здравје, борба против допингот)


Цели на проектот:

-едукација за почитување на телото и здравјето
-поттикнување на креативноста на младите
-едукација за здрава исхрана како услов за здрав живот
-афирмација на спортот како средство за интеграција
-развивање на автономија и одговорност кај младите
-афирмација на францускиот јазик како јазик на комуникација
-европска интеграција и интеркултурна размена

Период на реализација:
Фаза А   Септември 2010-јуни 2011
Фаза Б Септември 2011-јуни 2012

Опис на проектот:
1.    Истражување за спортот и здравјето
Учениците ќе истражуваат за сите аспекти на проектот, под водство на професорите
а) Спорт и допинг во спортот
б) Спорт и правилна исхрана
в) Видови спорт
г) Спорт и традиција

Претставување на резултатите од истражувањето
Предвидени се повеќе видови на презентација:
-изложба на цртежи  инспирирани од откритијата на учениците за време на истражувањето, учество на конкурс за цртежи на тема Спорт и здравје.
-репортажа: анкета-филм во училиштето и на улиците во Скопје, прашалник за учество во физички активности и спорт во секојдневниот живот.
-краток филм за исхраната и кујната, понудата на пазарот на прехрамбени производи, овошје и зеленчук на зелените пазари во Скопје, подготовка на македонски  специјалитет.
-сценска претстава
а) работилница за пишување на кратки театарски текстови инспирирани од различни ситуации во спортот, анегдоти од спортски тренинзи и натпревари.
б) подготовка на театарска претстава од текстовите на учениците

Важност на проектот
За учениците:
-подобрување на лингвистичките знаења
-почитување на разликите во културата и традицијата
-продлабочување на знаењата од информатичката технологија
-здобивање на способности за  прилагодување во различни ситуации
-да станат понезависни во истражувањето на некоја дефинирана тема
За училиштето:
- Ќе ја направи поатрактивна образовната понуда
- Интегрирање на сите учесници во проектот
- Искористување на придобивките од развојот на интердисциплинарноста
- Воведување на европскиот концептот во својата програма
Локалната средина:
- Ги прошират своите хоризонти преку контакт со една друга култура
- Продлабочи својата толеранција и почитување на различните традиции
 - Едукативната и превентивна работа на овој проект во училиштето за борба против  допингот во спортот ќе  најдат  голем одек и надвор од границите.

Правила за конкурсот за цртежи, слики

1)    Тема е допингот! Но, внимание,не треба да се гледа крв, крст, гробишта, се што асоцира на смрт не треба да го има на цртежите! Цртежите треба да бидат хумористични!, Може да се користат цвеќиња, животни, но не луѓе! Пример: http://dopagesaintefoy.unblog.fr/
2)    Организациај на конкурсот во училиштето, краен рок е 10 декември. Треба да се изберат најдобрите 5 творби до крајот  на декември.
3)    Најдобрите 5 творби ќе бидат ставени на заедничка платформа со други училишта на почетокот на јануари и другите земји ќе гласаат за 2 најдобри творби од секоја земја преку интернет! Секоја земја ќе има по 2 творби што ќе бидат на европскиот флаер. Затворањето на гласањето е на 20 јануари 2011 година.
4)    Последната недела од јануари во училиштето треба да има мала изложба од творбите на учениците во училиштето. Може да се поканат и медиумите и претставници од Министерство за млади и спорт, Францускиот културен центар и сл.

No comments:

Post a Comment