СУГС Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје
Гимназијата “Раде Јовчевски Корчагин“ –Скопје со билингвална настава на француски јазик се наоѓа во центарот на градот Скопје. Во училиштето има 1008 ученици(возраст 14-18 години), 76 вработени од кои 60 се наставници.
Билингвалната настава на француски јазик е воведена во учебната 2000/2001 со поддршка и во соработка со Француската Aмбасада во Р. Македонија и Францускиот културен центар во Скопје. Наставата во овие паралелки се одвива според концептот и програмите на реформираното гимназиско образование, делумно на француски јазик.
Странски јазици кои се изучуваат во Гимназијата се англиски, француски, германски и италијански. Во рамките на наставата преку проектните активности учениците и наставниците имаат можност за работа на интердисциплинарни проекти на различни теми од различни предмети во согласност со програмата(екологија, енергија, здрава исхрана, култура, историја, литература). Учениците учествуваат на сите конкурси и натпревари во Македонија, на македонски, англиски јазик, француски јазик и сл. Со наставниците од билингвалната настава на француски јазик работат на интердисциплинарни проекти и школска размена на ученици. Теми на кои се работи се: вода, енергија,исхрана, природа и заштита на животната средина, театар и сл. Странските јазици работата на проекти ја зголемуваат мотивацијата на учениците да учат и да учествуваат во други активности во и надвор од училиштето. Билингвалната настава е исто така можност за учениците да се сретнат со млади од други држави во Европа. Францускиот јазик се изучува со 5 часа неделно, некои од предметите (литература, историја,хемија, физика, математика) се изучуваат на француски и македонски јазик.
На крајот на школувањето, учениците полагаат и добиваат диплома од Француската Амбасада. Училиштето ги подржува проектите за да им помогне на учениците да ги зголемат своите можности за комуникација и соработка во различни средини за кои ќе имаат потреба и како возрасни. Ќе им помогне да се чувствуваат активни, отворени за мултикултурен дијалог и граѓани на Европската Унија. Професорите како и останатите вработени во училиштето ќе имаат можност да го збогатат своето искуство ангажирајќи се во реализација на проектот. Нивната соработка ќе ја истакне интердисциплинарноста (јазици, историја, општествени науки, спорт, музика, литература) и новите технологии.
Одговорни на проектот:
Љубица Антевска,
Професор по македонски јазик и литература и ателје театар
bubask_mk@yahoo.fr
Сузана Стојчевска, професор по хемија,
stojcevskasuzana@yahoo.fr
Ученици, учесници во проектот:
30 ученици, возраст 15-17 години
No comments:
Post a Comment