Saturday, May 19, 2012

ПРОЕКТ - СПОРТ И ЗДРАВЈЕ


Проект  Комениус  2010-2012

Партнери во проектот: Франција, Шпанија, Португалија, Полска, Словачка и Македонија
завршна средба  во Ажен, Франција од 07-10 мај 2012

Интеграција на младите преку спортот

Училиштен спорт и традиционален спорт на секоја земја учесничка во проектот

Од 03 до 16 мај 2012 една група од 13 ученици и 2 професори од Гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, Скопје престојуваа во Франција во рамките на проектот на размена со училиштето  „Sainte Foy“ од Ажен.

Работата на проектот, оваа размена и патувањето претставуваат големо искуство за сите. Учесниците се мотивирани да ги подобрат своите знаења на францускиот јазик, да учествуваат во други педагошки проекти во иднина и да ја продолжат комуникацијата и соработката со другите партнери во проектот.