Од 1 до 11 Април, 2011, група од 25 ученици од билингвалните француски паралелки и двајца професори престојуваа во Франција, како дел од образовниот проект спорт и здравје со колеџот Saintе Foy од Ажен.
Недела, 3 април
• наутро - доаѓање во училиштето
• сместување во семејствата-домаќини
• попладне – прошетка во градот, карневал во Ажен
• вечера во семејството-домаќини
Карневалот во Ажен
Понеделник, 4 април
08:00-10:00
Македонските учениции нивните професори учествуваа на часови по
различни дисциплини (предметите: математика, англиски, француски, физика, хемија, историја, географија, уметност, биологија, спорт).
10:00-12:00
Размена на работата меѓу македонските и француските ученици во рамките на проектот „Спортот во сите земји”, со особено внимание на превентивни мерки против допингот
Презентација на проектот од македонските ученици:
1. PowerPoint презентација на резултатите од истражувањата на нашите ученици на овие теми:
• спортот во гимназијата Корчагин
• спортот надвор од училиштето
• допингот и неговите последици
• познати македонски спортисти
• традиционалните спортови во Македонија
• храна и традиционалната кујна
Проба во училиштето
Попладне
14:00 - 16:00
Игра за истражување на Ажен
Француските и македонските ученици измешани во групи мораа да најдат специјални места во Ажен, а потоа да пополнат прашалник за овие места. Тие можеа да да се послужат со мапата на градот и, исто така, да им поставуваат прашања на патниците по улиците.
Во победничкиот тим беше оној кој се вратил прв на договореното место и со сите точни одговори.
16:00
Официјален поздрав со коктел во присуство на директорот, Даниел Бодер, кој го изрази своето задоволство и уживање на вработените од училиштето Saintе Foy за можноста да работи со нашиот тим. Француски професори кои ја видоа нашата прва презентација, сметаа дека е многу добро и мотивирачки за нивните ученици да изиграат во поголема сала со голем број на гледачи.
Вторник, 5 април
8:00-11:00
Македонските ученици и наставници со своите домаќини ги посетија поважните културно-историски споменици во градот Ажен.
11:00Втората презентација на претставата.
14:00
Прошетка на Pont Canal и рекреација во природа
Прошетка на Pont Canal и рекреација во природа
No comments:
Post a Comment