Monday, February 7, 2011

Спортот и натпреварите во РЈК


Во денешно време луѓето водат нездрав живот. Поради многубројните обврски и трката по егзистенцијата и профитот ,не им останува многу слободно време да се занимаваат со спорт.Брзото темпо на живот влијае на нашето здравје и нашиот физички изглед.

Во сите училишта во Македонија часовите по физичко и здравствено образование се задолжителни ,со што младината се поттикнува да спортува и надвор од училиштето.Салите во нашето училиште се опремени со разновидни реквизити, така што учениците можат да го изберат спортот што најмногу им одговара. На нашите часови по физичко најмногу се практикува фудбалот,кошарката,одбојката,ракометот и пилатесот. Нашето училиште има свои одбојкарски,фудбалски и кошаркарски екипи кои учествуваат на градските и државните натпревари,на кои многупати освоиле разни награди.

Иако учениците во Корчагин најмногу му се посветуваат на учењето , сепак голем број од нив се занимаваат активно со спорт и се дел од многу репрезентации во државата. Со тоа се здобиваат со искуство и знаење кое ќе им помогне во градењето на нивната кариера во многу познати клубови. Честопати самите ученици организираат меѓусебни натпревари кои се одржуваат во нашита сала, со што го истакнуваат својот спортски дух.

Во Македонија се повеќе се градат објекти како спортски сали,тениски терени и базени, со што се овозможени сите потребни услови за рекреација , а потребна е само уште желбата и амбицијата на младите.

Преку многубројните натпревари и часови по физичко во нашето училиште учениците се дружат,стекнуваат искуство за тимска работа ,а со самата рекреација стекнуваат навики за здрав живот.

No comments:

Post a Comment