Tерминот „допинг“ вообичаено се однесува на употребата на дроги во спортот. Во однос на потеклото на зборот, има повеќе теории. Едната од нив е дека е добиен од зборот “dop”, што е вид на алкохолен пијалок кој се употребувал како стимулант на церемонијалните танци во XVIII век во Јужна Африка. Во 1900 година, допингот бил дефиниран и како “мешавина од дроги создадена да делува на телесните перформанси“.
Иако официјалните спортски комитети и организациски одбори на натпреварите строго го забрануваат допингот, тој е мошне раширен меѓу спортистие кои амбициозно се стремат кон врвните резултаи од кои очекуваат и врвни добивки и слава. Денес допингот е редовна појава во екстремните спортови, особено велосипедизмот. Скандалите со допинг се чести на трките”Тур де Франс” и “Џиро ди Италија”. Последни жртви на допингот се најдобрите велосипедисти како Јана Улриха, Бјарне Ријса, Стефана Гарцелија, Ивана Баса и Флојд Ландиса, кој победил на Тур де Франс под дејство на допинг.
Користењето дрога со цел да се подобри изведбата се смета за неетичко, иако етичарите имаат тврдено дека е малку различно од употребата на нови материјали во составот на спортската облека и опрема, кои на сличен начин помагаат во спортувањето и можат да им дадат предност на играчите. Причините за забраната се опасност по здравјето на спортистите како и примерниот ефект на „чист“ спорт во јавноста.
Освен кај луѓето спортисти, допингот е честа појава и во коњичкиот спорт, како и во другите јавачки спортови и трките со загари.
No comments:
Post a Comment