Monday, November 22, 2010

Атина Бојаџи – Македонска спортска легенда

Во нашето училиште имавме средба со госпоѓата Атина Бојаџи , жива легенда на македонското маратонско пливање, во светот особено позната  по тоа што го препливала каналот Ла Манш. Таа накратко ни ја раскажа својата животна приказна.

 Родена е во Охрид во 1944 година. Нејзиниот талент и желба за пливање дошле до израз мошне рано. Уште на 11 години успеала да собори неколку рекорди во пливање на кратки патеки. Атина Бојаџи ни раскажа за нејзините искуства и доживувања во текот на нејзината пливачка кариера. Целосно посветена на пливањето,секој ден имала по два тренинзи. Станала светски првак во пливање во слатки води на возраст од само 18 години. Подоцна станала и првак во пливање во солени води со препливувањето на патеката Капри-Неапол.

Атина Бојаџи е првата жена на Балканот што го препливала Ла Манш, на возраст од 25 години. Таа детално ни го раскажа целиот тек на тој голем потфат. Под голем притисок, бидејќи цела држава  очекувала од неа да го преплива каналот се борела со студената вода, со долгата патека,со големи и честопати непредвидливи морски струи и големи бранови. Ни раскажа и колку тешко ги препливала последните 3 километри, кога се појавила северна струја која ја заковала за место. И покрај сите пречки кои и се нашле на патот, не ни помислила да се откаже. Затоа како предуслов за успех, таа ја наведе упорноста и љубовта кон она што го работиме. 

На прашањето од кого добивала најмногу поддршка, ни одговори дека тоа е нејзиното семејство, но пред се нејзиниот сопруг,кој бил нејзин личен тренер, ја придружувал на Ла Манш и секогаш покажувал големо разбирање за нејзината работа.  Освен тоа, гопспѓата Бојаџи  ни кажа дека голема поддршка добивала и од народот. Љубовта која ја добивала од луѓето околу неа, нема никогаш да ја заборави. Ја прашавме и за застапеноста на допингот во времето во кое таа спортувала на што ни одговори дека ,кога таа била активен спортист не ни знаела што е тоа допинг, а допинг контроли не ни се правеле, бидејќи , како што кажа , никој не ни користел. Ја прашавме колку пати го препливала Охридското Езеро и таа ни одговори дека не знае. Секое лето, секој тренинг и се состоел од пливање на различни растојанија, меѓу различни плажи. Па, затоа не знае ни самата колку пати го препливала езерото.

За препливувањето на Ла Манш, односно за подвигот на Атина Бојаџи во 1975-та година е снимен и играниот филм  “Исправи се Делфина.” Нашата гостинка  ни раскажа и за нејзиниот придонес за снимањето на филмот. Таа вели дека во тој филм е пресликана нејзината спортска кариера. Атина била многу почестена и среќна со снимањето на филмот, но имало и некои работи кои и пречеле. Приватниот живот на Атина во филмот е целосно сменет. “Кога го препливав Ла Манш,  јас имав и сопруг и дете” – вели таа. Нејзината пливачка кариера траела до 29-та година од нејзиниот живот, а потоа  продолжила да работи како тренер, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда”, а потоа и во еден спортски центар во Лос Анџелес. Таа живеела во Америка 10 години,а  потоа  се вратила во Босна, во Сараево каде што била селектор на босанската пливачка репрезентација и главен тренер на пливачкиот клуб “Босна”.

Во разговорот полека стигнавме и до нејзиниот денешен живот. Таа, речиси секој ден пешачи покрај кејот на Вардар и вели дека ако пропушти еден ден, се чуствува лошо. Ни кажа дека за појадок и е доволно да изеде една банана и едно јаболко. На нејзиното мени се е природно и според неа тоа е навика, па не советуваше и нас да имаме таков начин на исхрана. Таа не се навикнала на брзата храна, иако  живеела во Америка. Слободното време го поминува со своите пријателки и роднини и голем вљубеник е  во книгата. Кога ја запрашавме  каква  би била нејзината порака до денешната младина, таа ни кажа: “За мене е несфатливо да  легнувате во 01, 02 часот  и следното утро да станете рано и да бидете способни да одите на училиште и да го издржите сето тоа. Ако се занимавате со спорт, верувајте вие не ќе можете да останете будни толку долго, сакале или не, ќе легнете во 22 или во 2 3часот  многу изморени. Пораката до младите е да се откажат од тие доцни легнувања, да се занимаваат со спорт и со нешто што најмногу го сакаат во животот, со музиката или некоја друга уметност  или ова што вие го правите. Тоа мене ме воодушевува. Да бидете чесни, да си ја сакате својата земја и се што правите да биде во името на вашата земја и вашето семејство.”

На крајот од нашата средба, имавме чест да го посетиме нејзиниот дом, каде таа  како добра домаќинка ни ги покажа бројните пехари и дипломи што ги освоила во текот на својата спортска кариера. Имавме можност да разгледаме и некои весници, стари 40 години,  со големо внимание собирани и чувани  низ времето. Голема е збирката на статии што излегле во домашните и странските весници, а коишто се однесувале на нејзините успеси. Фотографиите и статиите ни помогнаа уште подобро да ја сфатиме големината на нејзината личност, да ја согледаме како  една храбра, успешна и издржлива жена- спортист. Тоа е Атина Бојаџи.
Да се препливаат темните води на Ла Манш е сон на секој маратонец.  Атинa Бојаџи го остварила тој сон. Ни беше чест што запознавме одблиску една таква македонска , но и светска пливачка ѕвезда.

Friday, November 19, 2010

Дана Тренчева

Моето име е Дана Тренчева. Живеам во Скопје. Имам 16 години и учам во СУГС “Раде Јовчевски-Корчагин во втора година. Ученик сум во билингвалната француска паралелка. Не се занимавам со спорт но омилени ми се одбојка и фудбал.
Ме интересира музика , уметнос , филмови и математика.
E-mail: dana_trenceva@hotmail.com

Wednesday, November 17, 2010

Ребека Мучева

Јас се викам Ребека Мучева. Имам 16 години и живеам во Скопје. Втора година сум во СУГС ,,Раде Јовчевски Корчагин’’ во билингвалната паралелка. Го сакам спортот, н не тренирам ништо. Кога би имала време, би тренирала фудбал. Исто така ги сакам и странските јазици, одам на крс по шпански и англиски.
e-mail: rebeka_m94@hotmail.com

Вања Балабан

Јас сум Вања Балабан.Имам 17 години и живеам во Скопје.Учам во гимназијата ,,Раде Јовчевски-Корчагин`` и сум ученик во трета година,во билингвалната паралелка. Го обожувам спортот,моментално не сум активен спортист, но до пред некоја година тренирав одбојка па затоа и одбојката ми е омилен спорт. Ја сакам природата,пред се морето,па така и секое лето нуркам каде и да отидам на одмор.Секоја можност за физичка активност ја користам максимално бидејќи уживам во тоа,при тоа се грижам и за сопственото здравје а да не зборувам и за оддржувањето на ``витката`` става. Сакам да патувам,да запознавам нови луѓе,средини,нови култури, како и различни начини на живеење.
e-mail: vanjush@hotmail.com

Saturday, November 13, 2010

Проект за спорт и здравје, борба против допингот

Спорт и здравје
(Проект за спорт и здравје, борба против допингот)


Цели на проектот:

-едукација за почитување на телото и здравјето
-поттикнување на креативноста на младите
-едукација за здрава исхрана како услов за здрав живот
-афирмација на спортот како средство за интеграција
-развивање на автономија и одговорност кај младите
-афирмација на францускиот јазик како јазик на комуникација
-европска интеграција и интеркултурна размена

Период на реализација:
Фаза А   Септември 2010-јуни 2011
Фаза Б Септември 2011-јуни 2012

Опис на проектот:
1.    Истражување за спортот и здравјето
Учениците ќе истражуваат за сите аспекти на проектот, под водство на професорите
а) Спорт и допинг во спортот
б) Спорт и правилна исхрана
в) Видови спорт
г) Спорт и традиција

Претставување на резултатите од истражувањето
Предвидени се повеќе видови на презентација:
-изложба на цртежи  инспирирани од откритијата на учениците за време на истражувањето, учество на конкурс за цртежи на тема Спорт и здравје.
-репортажа: анкета-филм во училиштето и на улиците во Скопје, прашалник за учество во физички активности и спорт во секојдневниот живот.
-краток филм за исхраната и кујната, понудата на пазарот на прехрамбени производи, овошје и зеленчук на зелените пазари во Скопје, подготовка на македонски  специјалитет.
-сценска претстава
а) работилница за пишување на кратки театарски текстови инспирирани од различни ситуации во спортот, анегдоти од спортски тренинзи и натпревари.
б) подготовка на театарска претстава од текстовите на учениците

Важност на проектот
За учениците:
-подобрување на лингвистичките знаења
-почитување на разликите во културата и традицијата
-продлабочување на знаењата од информатичката технологија
-здобивање на способности за  прилагодување во различни ситуации
-да станат понезависни во истражувањето на некоја дефинирана тема
За училиштето:
- Ќе ја направи поатрактивна образовната понуда
- Интегрирање на сите учесници во проектот
- Искористување на придобивките од развојот на интердисциплинарноста
- Воведување на европскиот концептот во својата програма
Локалната средина:
- Ги прошират своите хоризонти преку контакт со една друга култура
- Продлабочи својата толеранција и почитување на различните традиции
 - Едукативната и превентивна работа на овој проект во училиштето за борба против  допингот во спортот ќе  најдат  голем одек и надвор од границите.

Правила за конкурсот за цртежи, слики

1)    Тема е допингот! Но, внимание,не треба да се гледа крв, крст, гробишта, се што асоцира на смрт не треба да го има на цртежите! Цртежите треба да бидат хумористични!, Може да се користат цвеќиња, животни, но не луѓе! Пример: http://dopagesaintefoy.unblog.fr/
2)    Организациај на конкурсот во училиштето, краен рок е 10 декември. Треба да се изберат најдобрите 5 творби до крајот  на декември.
3)    Најдобрите 5 творби ќе бидат ставени на заедничка платформа со други училишта на почетокот на јануари и другите земји ќе гласаат за 2 најдобри творби од секоја земја преку интернет! Секоја земја ќе има по 2 творби што ќе бидат на европскиот флаер. Затворањето на гласањето е на 20 јануари 2011 година.
4)    Последната недела од јануари во училиштето треба да има мала изложба од творбите на учениците во училиштето. Може да се поканат и медиумите и претставници од Министерство за млади и спорт, Францускиот културен центар и сл.

Фросина Кипровска

Јас сум Фросина Кипровска и имам 16 години.Родена сум на 06.06.1994 година. Учам во С.У.Г.С “Раде Јовчевски Корчагин” и сум трета година. Во текот на моето основно образование тренирав ракомет (многу кратко време) и посетував часови по модерен балет.Сега не спортувам, но сакам да гледам спорт. Мојот омилен спорт е одбојка на плажа.Моето хоби е пеење.
мејл: frosi_94@hotmail.com

Стефана Дамевска

Јас сум Стефана Дамевска, имам 15 години и сум ученичка во билингвалната паралелка во Раде Јовчевски Корчагин, Скопје. Не спортувам, но ги почитувам спортистите. Мојот омилен спорт е уметничкото лизгање. Ме интересира уметноста, а особено музиката, странските јазици меќу кои се: францускиот, шпанскиот и англискиот, и природните науки како биологијата.
Мојот мејл е: stefana_damevska@hotmail.com

Рената Костовска

Се викам Рената Костовска. Имам 15 години и сум ученичка во гимназијата „Раде Јовчевски- Корчагин“ во Скопје. Втора година сум во билингвалната паралелка. Не спортувам, но кога имам слободно време се шетам со моите пријатели на кејот на Вардар и исто така возам велосипед. Во зима скијам и многу е интересно. Исто така, одам и на играорна. Обожавам да слушам музика, особено хип-хоп и поп. Ја обожавам Франција и Францускиот јазик и се надевам дека во скоро време ќе го владеам солидно.
Мејл   reni-braka@hotmail.com

Петар Грчевски

Здраво, јас се викам Петар Грчевски и имам 17 години.  Живеам во Скопје и учам во билингвалната паралелка во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин. Иако, моментално не практикувам ниеден спорт, имам тренирано Аикидо.  Ме интересира вселената, компјутерите, математиката, хемија и секако девојките J. Моја голема љубов се видео игрите и сакам во иднина да станам дел од оваа индустрија.

Нина Младеновиќ

Јас сум Нина Младеновиќ. Живеам во Скопје. Имам 15 години и сум втора година  во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин” , билингвалната паралелка. Не сум активен спортист, но во слободно време практикувам да возам велосипед. Омилен спорт ми е пливање . Ме интересираат модата, музиката, а особено уметноста.
мејл: nina_mladenovic@hotmail.com

Моника Рајковска

Јас сум Моника Рајковска. Живеам во Скопје. Имам 16 години и сум втора година. Учам во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во билингвалната паралелка. Тренирам одбојка веќе 6 години. Го сакам многу францускиот јазик, а исто така учам и шпански. Ме интересираат и музиката, возењето велосипед и пливањето.
e-mail: monik4e27@hotmail.com

Михаил Димитров

Здраво, јас се викам Михаил Димитров  и имам 17 години.  Живеам во Скопје и учам во билингвалната паралелка во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин. Мојот омилен спорт е таеквондо. Тренирам таеквондо 5 години и имам учествувано на натпревари.  Ме интересираат  и ги  следам другите спортови како фудбал и кошарка . Моја голема љубов е музиката и свирам гитара.
Мејл  mihail.dimitrov.mk@gmail.com

Маша Беќковиќ


Јас сум Маша. Имам 17,5 години и учам во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин. Ги сакам математиката и хемијата. Исто така сакам и пливање. Кога бев мала, секој викенд одев на базен со моите родители. Сега, секое лето одам на базен и таму имам тренер. За време на школската година немам многу слободно време, но одам на базен најмалку два пати месечно. Во иднина, сакам да бидам инжинер, затоа што мислам дека тоа е многу добра професија, но ќе продолжам да одам на базен и нема да го заборавам пливањето.
мејл : mashicka@hotmail.com

Марија Узуновска

Јас сум Марија Узуновска. Живеам во Скопје. Имам 16 години и сум втора година. Учам во СУГС “Раде Јовчевски - Корчагин” во билингвалната паралелка. Не сум активен спортист последниве години, но имам тренирано до сега ракомет, кошарка и одбојка. Исто така, сакам да гледам и тенис и фудбал на телевизија. Ме интересираат општествените науки, музиката, и учам да свирам на гитара.
мејл: m_arija.uzunovska@hotmail.com

Ивона Најденкоска

Јас сум Ивона Најденкоска. Живеам во Скопје и имам 15год. Учам во Корчагин и сум втора година во француската билингвална паралелка. Одам на аеробик три пати во неделата. Обожавам да гледам фудбал и навивам за Ливерпул и Милан. Исто така ги сакам и зимските спортови, особено сноубродингот. Од минатата година учам да бордам. Сакам да слушам музика (хип-хоп и поп) и да читам книги (Хари Потер, Самрак). Oмилени јазици ми се францускиот и англискиот. Ја сакам модата и дизајнот, а омилена марка ми е Шанел.
E-mail: inajdenkoska@yahoo.com

Иван Павлевски

Јас сум Иван Павлевски, имам 16 години и сум трета година во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин”. Живеам во населбата Лисиче во Скопје.
Во текот на моето основно образование тренирав повеќе спортови. Во четврто одделение почнав да тренирам кошарка и тренирав две години. Во шесто одделение прекинав со кошарка и започнав со пливање. Бидејќи не се пронајдов во тој спорт се откажав и се запишав на ајкидо. Тренирав две години, но поради други обврски престанав. Сега тренирам
боди-билдинг. Во секој спорт се обидувам да ги совладам основните техники.
мејл :  ivan-pavlevski@hotmail.com

Елена Димитриова

Јас сум Елена Димитриова. Имам 16 години и живеам во Скопје. Учам во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ и сум втора година во билингвалната паралелка. Не сум активен спортист, но во слободното време практикувам да возам велосипед или ролери. Ја сакам природата и сакам планинарење, па затоа често се искачувам на планината Водно. Омилен спорт ми е пливањето бидејќи бев активен пливач 5 години. Ме интересираат природните појави и науки, а исто така сакам да патувам и да ги запознавам различните култури, верувања и обичаи.

Габриела Еврова

Јас сум Габриела Еврова. Живеам во Скопје. Имам 16 години. Учам во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин” во билингвалната паралелка и сум втора година. Не сум активен спортист, но ме интересира спортот и во слободно време возам велосипед и ролерки. Неколку години одев на класичен балет. Исто така ја сакам одбојката. Ме интересираат и музиката, уметноста и францускиот јазик.
е-mail: the-gabriela@hotmail.com

Ангела Филиповска

Јас сум Ангела Филиповска. Живеам во Скопје. Имам 16 години и сум втора година. Учам во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин” во билингвалната паралелка. Не сум активен спортист, но во слободно време практикувам да возам ролери. Омилен спорт ми е одбојка. Ме интересира музика,историја и јазици.
мејл: angela_filipovska@hotmail.com

Ангела Стојановска

Јас сум Ангела Стојановска. Живеам во Скопје.  Имам 1 7 години и сум трета година. Учам во  СУГС “Раде Јовчевски Корчагин” во билингвалната паралелка.  Не сум активен спортист, но во слободно време практикувам да возам ролери. Омилен спорт ми е фудбалот.  Ме интересираат натприродни појави,  музиката, а особено математикатa.
мејл: angela_buci@hotmail.com

Анабела Шуманска

Јас сум Анабела Шуманска. Живеам во Скопје. Имам 16 години и сум втора година. Учам во СУГС “Раде Јовчевски Корчагин” во билингвалната паралелка. Играм тенис веќе 10 години. Ме интересираат уметноста, музиката и јазиците.
мејл: an4i94@hotmail.com

Sunday, November 7, 2010

СУГС Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин“

СУГС Гимназија “Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје

Гимназијата  “Раде Јовчевски Корчагин“ –Скопје со билингвална настава на француски јазик се наоѓа во центарот на градот Скопје. Во училиштето  има 1008 ученици(возраст 14-18 години), 76 вработени од кои 60 се наставници.

Билингвалната  настава на француски јазик е воведена во учебната 2000/2001 со поддршка и во соработка со Француската Aмбасада во Р. Македонија и Францускиот културен центар во Скопје. Наставата во овие паралелки се одвива според концептот и програмите на реформираното гимназиско образование, делумно на француски јазик.

Странски јазици кои се изучуваат во Гимназијата се англиски, француски, германски и италијански. Во рамките на наставата преку проектните активности учениците и наставниците  имаат можност за работа на интердисциплинарни проекти на различни теми од различни предмети во согласност со програмата(екологија, енергија, здрава исхрана, култура, историја, литература). Учениците учествуваат на сите конкурси и натпревари во  Македонија, на македонски, англиски јазик, француски јазик и сл.  Со наставниците од билингвалната настава на француски јазик работат на интердисциплинарни проекти и школска размена на ученици. Теми на кои се работи се: вода, енергија,исхрана, природа и заштита на животната средина, театар и сл. Странските јазици  работата на проекти ја зголемуваат мотивацијата на учениците да учат и да учествуваат во други активности во и надвор од училиштето. Билингвалната настава е исто така можност за учениците да се сретнат со млади од други држави во Европа. Францускиот јазик се изучува со 5 часа неделно, некои од предметите (литература, историја,хемија, физика, математика) се изучуваат на француски и македонски јазик.

На крајот на школувањето, учениците полагаат и добиваат диплома  од Француската Амбасада. Училиштето ги подржува проектите за да им помогне на  учениците да ги зголемат своите можности за комуникација и соработка во различни средини за кои ќе имаат потреба и како возрасни.  Ќе им помогне да се чувствуваат активни, отворени за мултикултурен дијалог и граѓани на Европската Унија. Професорите како и останатите вработени во училиштето ќе имаат можност да го збогатат своето искуство ангажирајќи се во реализација на проектот. Нивната соработка ќе ја истакне интердисциплинарноста (јазици, историја, општествени науки, спорт, музика, литература) и новите технологии.

Одговорни на проектот:
Љубица Антевска,
Професор по македонски јазик и литература и ателје театар
bubask_mk@yahoo.fr
Сузана Стојчевска, професор по хемија,
stojcevskasuzana@yahoo.fr
Ученици, учесници во проектот:
30 ученици,  возраст 15-17 години